Македонија

Денеска без вода неколку улици во Бутел

Денеска без вода неколку улици во Бутел

Јавното претпријатие „Водоводи и канализација“ информира дека поради дефектот на шибер затворач без вода останале неколку улици во општина Бутел.

Без вода од 10 часот, па се до санирање на дефектот, без вода се улиците Христијан Тодоровски Карпош, Мара Мажуречка, Љуба Ивановиќ и Александар Турунџиев.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ интензивно работат на отстранување на дефектот.