Денеска без вода неколку улици во Кисела Вода

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека од 12:20 часот, па се до санирање на дефектот без водоснабдување ќе останат неколку улици во општина Кисела Вода.

Од претпријатието сооппштуваат дека станува збор за улиците Коперникова, Славка Димкова, Румена Хаџипанзова и Малешевска.

Прекинот на водоснабдувањето е поради дефект на пожарен хидрант на раскрсницата на улиците Жарко Зрењанин и Ваташа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.