Денеска целосно затворен кружниот тек на влезот на Ѓорче Петров

Поради градежни работи, денеска  целосно за сообраќај ќе биде затворен кружниот тек кај Порта Влае, односно поранешната крстосница меѓу „Партизански одреди” и „Ѓорче Петров” и улицата „Ацо Шопов“, информира Град Скопје.

Изменетиот сообраќаен режим ќе биде привремен, а ќе се спроведува поради градежни работи. Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се вози по алтернативните улици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.