Денеска дожд и снег, од утре нова промена на временските прилики

 Во Македонија во понеделникот времето ќе биде променливо облачно, наместа со врнежи од дожд и снег. Попладне променливо облачно и ветровито со засилен северен ветер особено долж Повардарието и во Пелагонија, на одредени места со брзина од 70 километри на час.

Утринската минималната температура се двиќи околу минус три степени, а дневната максимална ќе достигне до шестиот степен.

Во Скопје слично време со минимална температура од еден степен, а максималната до четири степени.

Од вторник следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепено покачување.