Денеска дожд и снег, од петок температури и под -20 степени!

Врнежи од дожд на пониските места и снег на планините, најавува од попладне УХМР. Можна е и локална појава на замрзнат дожд.

Значителна промена на времето ќе има од четврток кога поради спуштање на поларна воздушна маса од север ќе има врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а потоа и во останатите делови.

На секаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри. Најобилни врнежи ќе има во четврток попладне во северните и во петок претпладне во источните делови од земјава.

До сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни наноси. Од петок температурите значително ќе опаднат.

За време на викендот облачноста ќе се намали и ќе биде многу студено. Утринската температура на места ќе се спушти и под минус 20 степени, а максималната ќе се задржи негативна во интервал од минус 12 до минус 4 степени.