Денеска дожд, со температура до 11 степени

Времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Повеќе врнежи ќе има попладне, особено во западните делови каде ќе наврнат од 10 до 15 л/м2. Во југозападните делови можна е појава на грмежи.

Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од шест до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде слично со утринска температура до еден, а дневна до 10 степени.

Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд и снег, како и заладување се очекуваат за време на викендот.