Денеска е извлекувањето на вредната награда од Адора Инженеринг

На затворањето на петтиот меѓународен саем на недвижности, денеска, на штандот на Адора инженеринг, на Скопски саем ќе биде извлечена вредната награда – комплетно опремување на новиот дом, за најсреќниот купувач на стан од компанијата.

Во оваа пригода ќе бидат соопштени и информации за посетеноста на штандот и бројот на продадени станови на годинашниот саем на недвижности, како и за инвестициските проекти на компанијата.