Денеска е Меѓународниот ден на населението, а фокус оваа година е „Инвестирање во млади“

Денеска е Меѓународниот ден на населението, а фокус оваа година е „Инвестирање во млади“.

„Пред 27 години во 1987 година на 11 јули светот ја достигнува бројката на пет милијарди жители. Овој ден е подоцна препорачан од страна на генералното собрание на ОН секоја година да биде одбележан како Меѓународен ден на населението. Почнувајќи од 1990 година секоја година канцелариите на УНФПА насекаде низ светот го одбележуваат Меѓународниот ден на населението. Според последните податоци во светот денеска живеат 1,8 милијарди млади на возраст помеѓу 10 – 24 години и тие ја сочинуваат една четвртина од севкупната популација,“ изјави извршниот директор на УНФПА (Фондот за Население на Обединетите Нации), др. Бабатунде Осотимехин.

УНФПА преку оваа бројка сака да потсети дека секоја инвестиција во младите денеска во овој момент во светов и кај нас преку промоција на здравствена заштита, обезбедување на добро образование, можности за вработување, пристап до здравствени услуги и социјална сигурност претстаува најдобрата инвестиција за подобрување на животите на генерациите кои доаѓаат после нас.