Денеска е последен ден за пријавување за бесплатна бања и викенд

ДИК го поништи ветото, поддршка од Сојузот на пензионери

Истекува рокот за аплицирање за користење на услугите за бесплатен туристички викенд и бањско-климатска рекреација за пензионери. Сите заинтересирани пензионери за овие два проекти на МТСП можат да аплицираат уште денеска.

Услугите „Бањско-климатска рекреација на корисници на пензија за 2015 година” и „Бесплатен туристички викенд за корисници на пензија за 2015 година” може да ја користат лица корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и прописите на други држави со коишто Република Македонија има склучено договор за социјално осигурување.

Лицата корисници на пензија коишто користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило имаат право на придружник за време на бањско-климатската рекреација и бесплатниот туристички викенд, потсетуваат од МТСП.

При рангирањето на поднесените барања, приоритет ќе им биде даден на пензионерите кои пред пензионирањето работеле во рудници со подземен ископ, и на пензионерите кои се корисници на инвалидска пензија со утврден повисок процент на инвалидност.