Магазин

Денеска е „сречен ден“, на Иван Исцелител му е роденден!

Денеска е „сречен ден“, на Иван Исцелител му е роденден!

Денеска му е роденден на нашиот кумановец, кој е познат во целиот свет, Иван Исцелител.

Човекот без кого, како што тој вели би пропаднало човештвото денеска полни 37 години. Па, Иване среќен роденден и „сречен ден“.

За кратко потсетување Иван последен пат го спаси светот пред неколку месеци, а неговата емисија има достигнато милионска гледаност.

Бидејќи досега се што има кажано се има исполнето до најситен детал, како што тој вели, „божјиот човек“ како што се има прогласено самиот имаше и прогноза за победник на Светското првенство во Бразил. Меѓутоа очигледно му се измешале визиите бидејќи Италија е веќе дисквалификувана.