петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 28

Денеска е Св. мироносица Марија Магдалина – Блажена Марија

blazena-marija

Последни вести

Света Марија Магдалина црквата ја нарече уште рамноапостолна, бидејќи беше првата што го виде воскреснатиот Христос и проповедаше за тоа. Инаку, потекнуваше од градот Магдала (по тоа е наречена Магдалина). Од неа Христос истера седум демони. Од тој момент таа толку го возљуби Господа што не се одвои од него дури ни при неговото распнување. По неговото воскресение едно време престојуваше во Ерусалим, а потоа му помагаше на свети Јован Богослов во проповедта на словото Божјо во Ефес, каде и го заврши својот земен живот. Во петтиот век моштите и се пренесени во Цариград.

Света Марија Магдалина – Блажена Марија 

Прва благовесница на Христовото воскресение

Бидејќи според заслугите во одбраната на христијанството е рамна на апостолите Марија Магдалена е наречена рамноапостолна. Таа е родена во Сирија во близината на градот Магдала, поради што е наречена Магдалина. Во младоста била грешница, од што на прав пат ја извел Исус, а таа оттогаш станала негова верна ученичка. Во Светото евангелие според Марко се вели дека Исус од неа истерал седум бесови и целосно ја изцелил од болеста од која страдала: „А Исус кога воскресна во првиот ден од седмицата, ѝ се јави најпрвин на Марија Магдалина, од која беше истерал седум демони“. (Марко 16:9)
Присуствувала на поважните моменти од неговиот живот особено последните денови, присуствувала на распнувањето на Голгота и страдала заедно со мајка му Богородица. Видела и кога го положиле во гробот. По воскреснувањето Исус најпрвин ѝ се јавил нејзе. По Воскресението со Пресвета Богородица и со апостолите живеела во постојана молитва и била сведок на првите успеси на христијанското учење во Еруалим.
Потоа пристигнала во Рим и на царот Тибериј подавајќи му црвено јајце му ја соопштила веста за Христовата судбина и за воскреснувањето. Му се обратила со зборовите: „Христос воскресе“, и со тоа му соопштила за распнувањето и воскреснувањето на Исус. Во исто време го обвинила Понтије Пилат дека иако можел не го заштитил праведниот Исус. Тоа било причина царот да го повлече Пилат и да го испрати по казна на служба во Алипите каде што во царска немилост го завршил животот. По овој пример останал обичај христијаните да си подаруваат црвени јајца и да си го честитаат празникот Велигден со зборовите „Христос воскресе“.
Подоцна Марија Магдалина дошла во Ефес каде што му помагала на Јован Богослов во проповедањето на Христовата вера. Тука и умрела, и била погребана, а подоцна во 5 век нејзините мошти од Ефес биле пренесени во Цариград. Светата Христова црква споменот на нејзиното име го празнува на 4 август според новиот, односно на 22 јули според стариот календар.

Од чудата на Пресвета Богородица

О Просветившемсја слепце
Чудо 60.
Слепец некиј от утроби матернија именем Дидим, муж благочестив и добродетел љубил много и црков. Никој пат не оставил црковнија правила зашто бил многу разумен. И от Божија благодати се научил и се препирал со невернии, сос Евреи, и сите от него биле побеждени.
У еден ден чинејќи словопрение на похвала Богоматере, и се посрамотиле Евреите и не можеле да му се противат. И му се смееле и говориле: „Нели те е срам, слепчо и безумне, да служиш и да веруеш на таја што не може да те просвети? Да е она истиннаја Богородица, она би те исцелила да не си слап, кога имаш толку љубов на неа и говение.“
Он им отговорил: „У тој ден даќем вам отговор за това.“ И отиде дома, даде милостиња многу и се молил с пост три дни и три ношти на всемилостиваго Бога и Богородица да го просвети на посрамление неверних и нечестивих Јудеев. После се собрале у тој ден што рекл слепио. Собрал сите еретици и Евреи и много христиане у една церква голема и се застојал поред икона Богоматери, говорил високо сите да го чујат: „Владичице и Госпоже всја твари, присноидево Богородице! Какво си се сподобила та си родила без истленија всех Бога, чудо от века, што никој не чул – тако сотвори и на мене грешнаго малое чудотворение и даруј ми свет на очи мои, зашто не сакам да чиним рахат – како сам до сега благодарно трпел така би трпел доде сам жив, што ми ти помагаш – ами да се уверат тие што са овде зашто си на истина родила ти син Божиј неизреченним образом, како сам он знае, да се обрнат и еретици невернии, да дојдат на истинна и права вера и да покажат твоја величија.“
Така рекл сос права вера без шубе. О твоја величија, Богородице! И прогледна слепио и сите прославили Бога што чини такваја дивна чудеса сос Свјатаја Богородица. И многу еретици и Евреи поверували благочестие. Тие сите биле слепи зашто не верували Христа и он ги просветил. И поживејал после богоугодно и прејде на вечна живот.

О избавлшемсја от потопленија морскаго
Чудо 61.
Пише Викентиј в „Зерцале истории“: Плавеле по море поклоници, ишле во свјатиј град Јерусалим. Се отворила гемијата и излегла многу вода внатра и не можеле да ја избацат. Видел гемиџијата корабљу погибел. Спуштил шајка у море и он влегол сос еден владика и другии богатии. А еден од них паднал у море и се удавил. Кога се напунила шајката, рекл владиката на тие што са били у гемиата: „Да ни простите на нас, братие, зашто не можеме да ви поможиме, ами да се исповедате еден другого, да ви прости Господ греховете.“
Така учиниха и се опростиха меѓу себе и сите се утопиха што беха у гемиата. А владиката и другиите сос него плакале и се молили Богу да се спасат нихни души. После гледали по морето и видели дека излазат от морето голубии летели на небото. И познале зашто са на тија душите што се удавили у гемијата.
И се радували и жалили зашто и они не умрели сос них.
И дошли на крај и видели ненадејно другар нихни што беше се удавил у морето кога слизал у шајката. Видели го и се зачудиле и питале го: „Како си излегол од морето?“ А он рекл: „Кога сам паднал у морето, молил сам се на Богоматер да ми поможе. Ама сам се молил сос вера без шубе и така што скоро помага да се најде пред мене и у тој час ме извади на крај.“ И сите прославили Бога и Пресвјатаја Богородица.

Подобно о избавлшемсја од волненија
Чудо 62.
У таја книга пише: Еден игумен плавал по море и се дигал еден ветар голем и чекали веќе да се издават. Едни викали Свјатиј Николаја, а другии апостола Андреа, а другии другого свјатаго, кој на кого имал љубов. Игумен видел зашто никој не вика што се може да учини царица – она владее и господствуе небо и земља и море. Рече им: „Што чините, братие? Зашто призиваете слуги, а сте заборавили царицу? Она може от сите свјатии помногу!“
Тогај сичките согласно викнали да их избави от таквија беди. Така и игумен се молил. И бил болен, три дни не јал ништо, станал со сила и подигнал икона Богоматере и говорил: „Велико имја свјатија Троици, Пресвјатаја Богородице, помози нам!“
И тогаш видели на диреците горе високо голем светилник сос многу светлост. Тој свет просветил сичката гемиа и темнотата ноштна побегнала и се укротило морето и се учинило тихо сето море. Кога се осамнало и станало ден, и се нашли при крај дека сакале да идат, во слава Богу у Богоматере.

Од книгата „Собрани текстови“ од Јоаким Крчовски, Скопје 1974 г.

Најчитани вести