Македонија

Денеска е Св. Преподобна Параскева – Петковден

Денеска е Св. Преподобна Параскева – Петковден

Според календарот на Македонската православна црква денеска е Преподобна Параскева – Петковден.

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен.

Св. Петка се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева.

Голем број лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…