Денеска е Света Недела

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јули ,  Света великомаченица Недела.

Света Недела е светителски празник посветен на маченицата Недела и е еднаш во годината, на 20 јули. Св.маченица Недела е секогаш на една иста дата, а секоја година го менува денот.

Света Недела (името е превод на грчкото Кириакиа) се родила во Мала Азија и живеела за време на царувањето на Диоклецијан. Се родила како дете измолено од Бога, бидејќи нејзините родители Дорортеј и Евсевија долго време немале деца. Кога пораснала се развила во убава девојка, а телесната убавина ја дополнила со убавината на душата што ја беше стекнала преку постојан внатрешен, невидлив подвиг. Нејзината убавина привлекувала многу просители, но таа одбивала да се врзе со некој друг освен со Христос. Еден од одбиените просители, откако во себе ги разбудил злите мисли, ги поткажал пред властите света Недела и нејзините родители како христијани. Сите биле изведени на суд, мачени и најпосле погубени. Тоа се случило во 289 година во Никомидија.