Денеска е Свети Григориј

Денеска е Свети Григориј
Денеска е Свети Григориј

Роден е во видна фамилија, по род блиска до персискиот и ерменскиот царски дом. Кога овие два дома завојуваа, свети Григориј се повлече во Кападокија. Таму ја позна Христовата вера, се крсти и ожени.

Во бракот му се родија два сина, Ортан и Аростан. По смртта на својата жена, свети Григориј се врати во Ерменија и му се стави на служба на цар Тиридат.

Но, кога овој дозна дека Григориј е христијанин, го стави на тешки маки, а потоа го фрли во длабока јама, сакајќи да го умртви. А Бог не заборави на својот љубен и го одржуваше во јамата цели 14 години.

Во меѓувреме, откако ги погуби сестрите од еден женски манастир, Тиридат полуде. На неговата сестра и се јави во сон некој светол маж и и кажа дека брат и нема да оздрави дури не го извадат Григориј од јамата.

Кога излезе од јамата, свети Григориј го исцели и крсти Тиридат. По желба на Тиридат, Григориј потоа беше поставен за епископ на Ерменија и со помош на царот ја просвети Ерменија и околните земји со Христовата вера.

Овој доброчесен маж се успокои околу 335 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.