Денеска е Свети Стефан

Православните христијани денеска на третиот ден од Божик го празнуваат Свети архиѓакон и првомаченик Стефан, кој бил каменуван зашто проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе. Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко…

Овој Стефан беше евреин, соработник на апостолите. Еден е од седумте ѓакони на ерусалимската црква. Со него почнува подвигот на мачениците, па во таа смисла и е наречен првомаченик. Пострада од евреите во Синедрионот, откако во долга беседа им докажуваше дека оној Исус кого тие го убија беше навистина Помазаникот што го очекуваат, т.е. Христос.

Расказот за него може да се прочита во новозаветната книга Дела апостолски. Во 415 година, неговите мошти се пронајдени на чудесен начин и сместени во Сионскиот храм во Ерусалим.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.