Денеска е Светски ден на борбата против сиромаштијата

Денеска во целиот свет се одбележува Светскиот ден на борбата против сиромаштијата.Според проценки на ОН во светот има повеќе од 2,2 милијарди луѓе кои се сиромашни или на праг на сиромаштија.

Програмата на ОН за развој (УНДП) како главни причини за раст на сиромаштијата ги наведува поскапување на храната и војни, но и финансиската криза и природните катастрофи.

ОН вели дека основната социјална заштита за најсиромашните во светот би чинела помалку од два отсто од светскиот БДП.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.