Денеска е Светски ден на мајчиниот јазик

Во светот денеска се одбележува Светскиот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи во 1999 на 30-тата сесија на Генералната конференција.

Во 2000 година беше промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност.

Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување. Според статистиката, во последните три века драматично се намалил бројот на јазици, особено на американскиот и австралискиот континент. Околу 200 земји се пред предизвикот да ги зачуваат „малите” јазици и тие да се употребуваат заедно со светските јазици.

Покрај Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, на 26 септември се одбележува и Денот на европските јазици. Во 1998 година стапи во сила Европската повелба за заштита на регионалните и малцинските јазици со која, исто така, се потенцира лингвистичката разновидност и повеќејазичноста.