Денеска е Светскиот ден на потрошувачите

Во Скопје денеска ќе биде одбележан 15 март- Светскиот ден на потрошувачите.

Ќе биде промовиран леток за информирање на потрошувачите што го подготвија Министерството за економија, Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со операторите со храна – Рамстор, Тинекс, КАМ и Сити Мол.

На манифестацијата за одбележување на Светскиот ден на потрошувачите што ќе се одржи во Рамстор мол ќе присуствува и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.