Денеска е Велики Петок, Денот на Христовото распетие

Денеска верниците од христијанска вероисповед го празнуваат Велики петок, кој уште се нарекува и Распет Петок. На овој ден е распнат на крст Исус Христос. Овој ден се смета за најтежок празник во годината, ден кога не се работи дури и не се готви храна.
Верниците денес одат во црква каде оставаат дарови на Распетието Христово.