Денеска е задушница

Денеска е Задушница, утре е Духовден.

Овој ден црквата го одредила за помен на покојните. Верниците одат на гробишта, а свештениците се молат за душите на покојните. По обичај, верниците на овој ден, за покој на умрените души раздаваат храна и бардачиња.

Утре православната црква го празнува Духовден. Големината на овој празник е слегувањето на Светиот дух на педесеттиот ден од Христовото воскресение. Овој чин на празникот Духовден се смета за основање на христијанската црква.

Првиот ден од Духовден е и ден на Св. Троица и на овој ден не се оди на гробишта.