Денеска е Задушница

Православните христијани денеска и утре празнуваат Задушница, а во недела Духовден.

Овие денови се посветени на душите на умрените, и затоа денеска и утре се оди на гробишта, се носи храна, а свештениците се молат за душите на покојните.

Се верува дека душите на покојните предци доаѓаат од оној свет кај своите најблиски, барајќи од нив храна, вода, но и за да ги видат.

Обичајот на гробишта е да се прочита молитвата, да се осветат работите што се донесени, а потоа оние што дошле на гробот да каснат од пченицата и лепчето полиено со црвено вино.

Во недела, пак, не се оди на гробишта, бидејќи е Духовден. Тоа не е празник на мртвите, туку празник на Светиот дух и воспоставување на црквата на земјата.