Денеска готвиме супа од домати со кнедли и лимон торта

За денешното мени во Нетпрес денеска се одлучивме да подготвиме вкусна и здрава супа од домати со кнедли, а за десерт лимон торта.

Состојки

800 гр домати

2 моркови

50 гр целер, корен

1 црвен кромид

1 л супа

Маслиново масло

За кнедлите

200 гр мелено јунешко месо

½ главица мал кромид

1 јајце

1,5 лажичка ориз (20 гр)

2 лажици презла

Сол

1 лажица исчекан магдонос

1 лажица ситно исечкан лист од целер

Подготовка

Сварете го оризот. Кога малку ќе се излади направете компактна маса за кнедли, од наведените состојки, ако е потребно додајте уште презла. Оставете ја смесаата во фрижидер.

Измиениот и исчистен зеленчук ставете го во тава со малку масло. Доматите и кромидот преполовете ги. Печете во однапред загреана рерна на 220 степени околу половина час.

Кога малку ќе се излади сето тоа испасирајте во блендер. Ставете се во лонец и налијте 2/3 супа, ставете да зоврие.

Во меѓувреме обликувајте мали кнедли од месо. Кога чорбата ќе зоврие спуштете ги кнедлите во нив и гответе уште 20 минути додека се убаво не се зготви. По потреба додајте го остатокот од супата, за чорбата да не биде многу густа.

mirisna-torta-od-limuna-ffa0b9024568ad8b4851854d5ddadb69_header

Лимон торта

Состојки

200 гр путер

4 јајца

2,5 дл шеќер

2 дл меко брашно

1 прашок за пециво

Подготовка

Јајцата и шеќерот матете го додека смесата не стане светла и пенлива. Во тоа додајте изрендана кора од лимон и сок од лимон (околу 0,5 дл). Во брашното измешајте прашок за пециво и додајте го во смесата, на крајот измешајте растепен и изладен путер.

Во една намрсена тава ставете ја смесата и печете на 180 степени.

Времето на печење зависи од големата на калапот, ако печете во калап со дијаметар 24 сантиметри тогаш ќе бидат потребни околу 30 минути.

Тортата кога ќе ја извадите треба да биде мека во средина, полека да се стврднува како ќе се изладува.

Пријатен апетит!