Денеска и утре штрајк на пилотите на „Луфтханза“

Унијата на синдикати на германски пилоти повикала денеска и утре на нови штрајкови на пилотите во авиокомпанијата „Лифтханза“ поради спорот за старосна граница и одење во пензија.

Штрајкот ќе започне денеска напладне, а ќе заврши утре на полноќ.

Ќе бидат откажани неколку стотина летови на кратки и летови на средни должини, а утре нема да летаат ни товарните авиони.

Штрајкот нема да се однесува само на „Џерманвингс“, нискотарифна филијала на „Луфтханза“.

Управата на компанијата, штрајкот го оценила како несразмерна мерка и ги повикала пилотите да продолжат со преговорите.

Ова е 10-ти штрајк на пилотите на најголемата европска авиокомпанија од април оваа година.

Пилотите и Управата имаат спор околу условите за одење во предвремена пензија на 55 гдоина, бидејќи компанијата сака да им го укине надоместокот во тој случај. До сега предвремено се пензионирале пилоти до 65 година, а до времето кога е и време за редовно одење во пензија добиваат 60 отсто од платата.