Македонија

Денеска и во наредните денови во Македонија сончево и суво

Денеска и во наредните денови во Македонија сончево и суво

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. По котлините ќе биде претежно тивко.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до минус еден,а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево и тивко. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

 

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво. Во утринските часови ќе има ниски утрински температури, а преку денот ќе има затоплување и ќе биде релативно топло за овој период од годината.