Македонија

Денеска и во следните денови, ниски температури, магливи утра и слаб ветер

Денеска и во следните денови, ниски температури, магливи утра и слаб ветер

Во следните денови не очекуваат студени и магливи утра, а во текот на денот благо покачување на температурите, слаб ветер и локална облачност.

Метеоролозите за денеска најавуваат претежно сончево со слаб јужен ветер. Долж Повардарието ќе има појава на ниска облачност и магла, кои во текот на денот ќе слабеат, но кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе бидат поизразени.

Максималната температура ќе се движи од три  до 11 степени, во Скопје околу -1 степен.

 

vreme

Во наредните денови и понатаму ќе се задржи стабилно и суво време, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Ветерот ќе биде слаб и претежно јужен, само во сабота ќе биде слаб до умерен од северозападен правец.

Минималните температури ќе се спуштат до минус осум во утринските часови, а во текот на денот ќе се движат од четири до 13 степени.