Денеска Југославија би наполнила 71 година

На денешен ден пред 71 години во Јајце е одржано Второто заседание на антифашистичкото собрание за народно ослободување на Југославија (АВНОЈ), на кое е донесена историска одлука за федерално здружување на идната држава и на тој начин е поставен темелот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Со одлуката усвоена во Јајце формирани се државни органи на новата Југославија.

На Второто заседание на АВНОЈ одлучено е новата Југославија да се гради на демократски принцип, како државна заедница на рамноправни народи и народности, а генералниот секретар на Комунистичката партија на Југославија и врховниот командант на Народно ослободителната војска, Јосип Броз Тито, е прогласен за маршал на Југославија.

tito-avnoj

Денот на републиката се прославувал наредните два дена, со свечена академија во главните градови на сите републики, а 1964 година воспоставена е и наградата АВНОЈ.

Последен пат празникот во Србија е одбележан во 2001 година, а наредната година бил укинат.