Денеска ќе се избере петтиот член на ад-хок телото за медиуми

Ад-хок телото на забљудување на работата на медиумите денеска ќе го именува петтиот член кој треба да биде Албанец.

Истече рокот за пријавување на конкурсот за петти член на ад хок телото за медиуми. Четирите членови за денеска закажаа состанок на кој треба да одлучат кој ќе го комплетира привременото тело кое треба да врши мониторинг на медиумското известување во предизборниот период.

Вкупно девет кандидати се во игра за петото отворено место во ад хок телото за мониторинг на медиумите, пишува „Прес 24“.

Сефер Тахири

Бесмира Ејупи

Илир Ајдини

Ајат Реџепи

Даут Даути

Фитим Кријезиу

Лулзим Хамиди

Јосиф Џочков

На 31 август, партиските лидери треба да излезат со конечен став, дали се исполнети условите за одржување на изборите.