Денеска ќе се знае од што починале таткото и синот на Инфективна

Денеска се очекува да биде познато од што починале двајцата пациенти – татко и син на Инфективната клиника.

Од Институтот за јавно здравје потврдиja дека зеле на заем реагенси од Косово за да се утврди за каква болест се работи.

На Инфективната клиника примени се уште четири лица од гостиварското село Симница од кое биле и починатите татко и син. Селото се наоѓа на 10 километри од Косово.

Пациентите имале висока температура, дијареа и за брзо време здравствената ситуација им се влошила. Докторите се сомневаат дека се работи за хеморалгична треска која се добива од заразени глодари.