Денеска ќе бидат погребани тројца загинати полицајци

Во Гостивар владее тага и неверување по информациите дека Ненад Серафимоски, (28) од Зубовце и Горан Илиески (41) ги загубија животите во престрелките во Куманово.

Серафимовски, како припадник на специјалните единици (Тигри) е меѓу првите жртви во полициската акција која вчера се одвиваше во Куманово. Постариот Илиевски, како припадник на единиците за брзо распоредување починал вчера попладне, откако како тешко ранет бил згрижен на скопските клиники.

Ненад Серафимоски денеска ќе биде погребан на селските гробишта во гостиварското село Зубовце во 14 часот, додека погребот на Илиески, според блиските на семејстото, откако телото ќе му биде предадено на семејството најверојатно ќе биде извршен утре.

Денеска ќе бидат погребани и  33-годишниот Жарко Кузмановски од Брвеница, 28-годишниот Ненад Серафимовски од гостиварско Зубовце и 32-годишниот Сашо Самоиловски од Брвеница.