Денеска ќе биде познат новиот менаџмент на „Макстил“

На Собранието на акционери на компанијата „Макстил“, кое што е закажано за денеска, ќе бидат назначени нови директори, а старите ќе бидат отповикани.

На почетокот на овој месец, одборот на директори донел предлог одлука според која треба да се отповикаат Александар Панов, Мино Дамјановски, Иван Цветковски, Јури Василев и Нове Ѓеорѓиевски.

Според компанијата, станува збор за кадровски промени поради пензионирање на досегашните директори кои ги исполниле условите за пензијата.