Политика

Денеска ќе се решава за новите министерски места

Денеска ќе се решава за новите министерски места

Разговорите за распределба на владините ресори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се очекува да финишираат денеска, пишува „Дневник“ повикувајќи се на извор од ДУИ. Изворот на весникот не ја исклучува можноста ДУИ да добие ресор што не бил во фокусот на медиумските информации.

Се очекува ДУИ решенијата да ги обелодени најдоцна до петок, откако тие ќе добијат виза на конгресот, односно од новоизбраниот највисок партиски орган – Централното собрание. Според неофицијални информации, ако денеска завршат разговорите за поделба на владиниот колач, не се исклучува пред конгресот на ДУИ да има лидерска средба на која Ахмети ќе ги понуди своите кадри за новата влада предводена од Груевски.

Според законските рокови, мандатарот Груевски до 8 јуни во Собранието ќе треба да ја достави предлог-владината програма со предлозите за министри во својот кабинет. Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, во рок од 15 дена треба да ја закаже седницата за избор на новата влада.