Денеска ќе се знае редоследот на листите за предвремените избори

Државната изборна комисија денеска ќе ја направи ждрепката за редоследот на листите на гласачкото ливче.

ДИК ги утврди 14-те кандидатски листи за третите предвремени парламентарни избори. Листи поднесоа пет коалиции и девет партии.

ДПА има поднесено листи за ИЕ 1,2,3,5,6,7 и 8, НДП за ИЕ 1,2,5,6 и 7, ПДП само за Шестата изборна единица, коалицијата За позитивна Македонија во ИЕ 1,2,3,4,5 и 6, коалицијата Достоинство за Македонија во ИЕ 1,2,3,4,5,6 и 8, ВМРО-НП во ИЕ 1,2,3,4,5,6, НДМ во ИЕ 1,2,3,4,5, СДСМ и коалицијата во ИЕ 1,2,3,4,5,6,7,8 и 9, СДПМ во ИЕ 1,2,3,4,5 и 6, ПЕП во ИЕ 1 и 2, ПЕИ во ИЕ 1,2,5 и 6, коалицијата ГРОМ во ИЕ 1,2,3,4,5 и 6, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во ИЕ 1,2,3,4,5,6,7,8 и 9 и ДУИ во ИЕ 1,2,3,4,5,6,7,8 и 9.

Комисијата за верификација на фактите вчера потврди дека на листите на пратеници нема соработници со тајните служби.

Ова се трети парламентарни избори во Македонија, кои што ќе се одржат за време на вториот круг од претседателските избори, на 27-ми април.