Денеска ладно со врнежи од снег

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Значително облачно ќе биде во крајните западни делови каде ќе има повремени врнежи од снег. Во источните делови врнежите ќе започнат во вечерните часови и ќе бидат од дожд поради јужното струење кое што ќе донесе и затоплување во атмосферата. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта, каде што на планините се очекува да падне и нова снежна покривка чија што дебелина ќе биде од 20 до 40 сантиметри со што вкупната снежна покривка значително ќе се зголеми.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до нула, а дневната од два до осум степени.

Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно. Во попладневните и вечерните часови со врнежи од дожд и од снег. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе се искачи до пет степени.

Во наредните денови ќе има спуштање на постудена воздушна маса од север кое ќе предизвика променливо облачно време и постудено, наместа со повремени врнежи од снег.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.