Денеска магла и облаци

Времето денес во Македонија ќе биде умерено до значително облачно, наутро со слаба магла по котлините, а преку денот ќе дува слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од 9 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено до значително облачно со кратки сончеви периоди, а наутро со услови за појава на магла. Преку денот ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 11 часот.

Од недела ќе преовладува облачно време со повремен дожд. Врнежите ќе бидат пообилни од понеделник попладне и ноќта кон вторник кога локално се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен.

Од понеделник ќе дува умерен повремено засилен југоисточен ветер, а од вторник ветерот ќе биде северен.