Денеска нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетик денеска треба да одржи седница на која се очекува нова корекција на цената на горивата.

Со последната одлука на РКЕ, веднаш по новгогодишните празници, бензините поскапеа за половина денар, а цената на дизелот остана иста.

Согласно таа одлука  литар ЕУРОСУПЕР БС 95 се продава за 67 денари а ЕУРОСУПЕР БС 98 за 69 денари, додека дизелот се точи за 53,5 денари по литар. Немаше корекција ниту на цената на Екстра лесното масло за домаќинство, кое и натаму чини 42 денари за литар.

Дали и колку ќе се промени цената на горивата, останува да ја почекаме одлуката на РКЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.