Денеска нова лидерска средба

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА денеска во Скопје ќе одржат нова средба за надминување на политичката криза во земјава.

На денешната средба која се очекува да почне  во 13.30 часот, покрај Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, ќе присуствуваат и амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав, и амбасадорот на САД, Џес Бејли.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за ТВ „24 вести“ изјави дека на денешната средба ќе се договори конечниот датум за да се постигне договор, пред јули, кога треба да се поднесе извештајот за Македонија, од кој ќе зависи препораката за отворање на прегооврите за членството во ЕУ.

 

Фото: Капитал

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.