Нови протести во Ѓорче Петров

Жителите на Ѓорче Петров за денеска во 18 часот најавија нови протести поради вчерашниот инцидент, во кој автомобил удри десетгодишно дете.

Дете е тешко повредено поради неприлагодена брзина затоа повикуваме на мирен протест пред школото Мирче Ацев од 18:00. Сакаме конечно решение за сите жители на Ѓорче Петров и решение за дивееето во сообраќајот ! – се вели во јавниот повик до граѓаните да излезат на протест

Според информациите, момчето имало внатрешно крвавење, напукнат череп и исчашување на едното рамо.

Непосредно по несреќата, синоќа стотина граѓани излегоа на протести пред Основното училиште „Мирче Ацев“. Тие велат дека повеќепати барале да бидат поставени светлосна сигнализација и легнати полицајци, но наишле на отпор од надлежните. Жителите се заканија дека ако се случи уште еден ваков инцидент, ќе го запалат цело Ѓорче.

Според информациите на присутните н а протестот рекоа дека момчето ја минувало улицата на пешачки премин, а возилото се движело во споритвна насока, за да ги избегне дупките на патот.