Денеска ново рочиште за „Диво насеље“

Во Кривичниот суд во Скопје, ново рочиште за терористичката акција во Куманово. Седницата е затворена поради сведочењето на заштитените сведоци.

Судењето неофицијално почнува по трет пат од почеток, откако пред една седмица беше екстрадиран Сулејман Сулејмани од Косово.

Тој, како и неговиот син, е обвинет за помагање на 37-члената група обвинета за тероризам.

При справувањето со терористите, во Куманово загинаа 8 припадници на МВР.