Македонија

Денеска облачно и магливо, со дожд во вечерните часови

Денеска облачно и магливо, со дожд во вечерните часови

Денеска во Македонија не’ очекува променливо облачно, а по котлините магливо време.  Кон крајот на денот и во вечерните часови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Повеќе услови за дожд ќе има во западните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од пет до 12 степени.

Во Скопје и околината времето претпладне ќе биде магливо и со ниска облачност. Попладне ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Во вечерните часови ќе има услови за слаб локален дожд.

Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до шест степени.