Македонија

Денеска облачно со повремен дожд

Денеска облачно со повремен дожд

Времето  во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд со променлив интензитет.

Локално ќе има појава на грмежи, особено во јужните и источните делови каде врнежите повремено ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени, а дневната  од 19 до 26 степени.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, а попладне ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд и грмежи.

Утринската ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 26 степени.

Во недела ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе имаат послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Највисоката дневна температура ќе биде од 19 до 25 степени. Во понеделник во текот на денот врнежите ќе престануваат и ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе придонесе дневните температури да опаднат.