Денеска облачно и дождливо време

Времето денеска ќе биде облачно и свежо, со врнежи од дожд, кои во јужните и источните делови повремено ќе бидат поројни и пообилни (над 30л/м 2 ). ). Најдолго и континуирано се очекува врнежите да се задржат во југоисточните делови, каде количината на наврнат воден талог може да биде и поголема . Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.  Максималната температура од 17 до 23 степени.
СКОПЈЕ: Oблачно и свежо, со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од северен правец. Максимална температура до 21 степен.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Локални врнежи од дожд се уште ќе има и утре претпладне. Во текот на денот ќе дува повремено засилен северен ветер. Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во петок ќе биде во интервал од 29 до 35 степени.