Денеска во 23 часот и 45 минути започнува пролетта.
Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и пет минути, Сонцето изгреа во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17:44.
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и умерен северен ветер. Попладне во североисточните делови ќе има услови за краткотрајни врнежи од дожд и снег.
Температурата ќе се движи од три до девет степени.