Македонија

Денеска пороен дожд и грмежи

Денеска пороен дожд и грмежи

Нестабилно  време во моментов има во северниот дел од Македонија.  Скопското подрачје е зафатено со пороен дожд и грмежи.

Локална нестабилност ќе има и во другите делови на земјава, информираат утрово од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во попладневните часови  се очекува постепено стабилизирање на временската состојба.

Од вторник ќе има постепен пораст на темпетатурата на воздухот и стабилизирање на временската состојба.