Денеска поројни врнежи

Северозападниот дел од Македонија (полошкиот регион и Скопската котлина) утрово се зафатени од поголема влажна и нестабилна воздушна маса, која услови врнежи од дожд од пороен карактер проследени со ретки грмежи.

Околу пладне врнежите ќе престанат, а повторно ќе се интензивираат попладне и во вечерните часови, особено во источните и југоисточните делови.

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 17 до 22 степена. Во Скопје слично време, променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Во текот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно време со почести врнежи од дожд, но со послаб интензитет. Дневните температури благо ќе опаднат.