Денеска посвежо време со температура до 25 степени

Времето денеска ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и свежо време. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер. Утринските температури се движат од 7 до 16 степени, додека пак максималните дневни до 14, односно до 25 степени.

Утре не’ очекува умерено облачно време со сончеви периоди и температури од 12 до 23 степени.

Во четврток исто така умерено облачно со сончеви периоди, но сончевите периоди ќе траат подолго и затоа ќе имаме малку повисоки дневни температури кои ќе достигнат до 13, односно до 24 степени.