Денеска потопло, со температура до 23 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а по одделни котлини, речни долини и планински превои со појава на утринска магла и ниска облачност.

Температурата ќе се движи од 15 до 23 Целзијусови степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и претежно тивко. Температурата ќе достигне до 21 Целзијусов степен.