Денеска повторно дожд, од утре сонце

Според метеоролозите, денеска е последниот ден од серијата денови со нестабилно и дождливо време.

Денеска ќе имаме  сончево претпладне и нестабилно попладне со локален дожд и грмежи.

Локално постои веројатност за слаб дожд во текот на раните вечерни часови.

Утрото ќе биде релативно топло. Минималната температура ќе биде во границите од 14 Целзијусови степени до до 20 Целзијусови степени.

Во Скопје и околината не очекува слично време. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се искачи до 32 Целзијусови степени.