Денеска повторно сонце, но со облаци

Денеска времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.

Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен  јужен ветер. Дневна температура ќе достигне до 12  степени.

Вo недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажен бран од Медитеранот и времето ќе биде облачано со врнежи од дожд, на повисоките места кон крајот на денот и во ноќта кон понеделник врнежите од дожд ќе поминат во снег, а на планините од снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните и јужните делови каде локално се очекува да наврнат над 20л/м2 воден талог, а на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во понеделник во текот на денот врнежите постепено ќе престануваат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.