Денеска пресуда за Груевски за случајот „Тенк“

Поранешниот премиер Никола Груевски денес ќе ја чуе првата пресуда за постапките на СЈО, на Основниот суд Скопје 1 за случајот „Тенк“ во кој заедно со поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски им се суди за набавката на луксузниот мерцедес.

Поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски во завршните зборови за случајот „Тенк”, посочи дека во предметот е обвинет за сакање.

-Сум сакал да се набави блиндирано возило бидејќи сум сакал да се возам во него. Сум остварил корист оти ме возеле, не во една туку во друга кола, од истата марка. Генерации на наши потомци ќе се чудат за што бил обвинет поранешниот премиер, пред да разберат дека станувало збор за политички прогон, истакна Груевски.

СЈО побара осудителни пресуди за двајцата обвинети, а одбраната бараше одлободителни поради немање на докази. Судијката Кацарска одлуката ќе ја соопшти денес.