Денеска пристигнува помош од повеќе ЕУ земји

Денеска во кругот на касарната Гоце Делчев во населба Аеродром, дирекцијата за заштита и спасување ќе ги прими донациите од Словачка и Холандија.

На примопредавањето на донациите ќе присуствуваат претставници од амбасадите како и претставници од владата на Република Македонија.

Во Република Македонија преку механизмот за цивилна заштита пристигнаа донации од Грција,  Австрија, Чешка, Унгарија и Бугарија.